Поранешната мис на Југославија Јелена бин Драи, која се омажи за шеикот Саид и ја прими неговата муслиманска вера, исто како и тој нејзината христијанска, сега вели дека сака нејзините три деца да имаат интернационални сфаќања.
Заедно со нејзините деца, Асија, Хилал и Хамдан, минатиот Божик тие го минаа славејќи според српската традиција.
„Ние сите празници ги прославуваме во духот на традицијата чиј празник се слави. Католички Божик го славиме затоа што мајката на Саид е Англичанка, а потоа ги славиме православните и сите други празници. Сакам нашите деца да бидат со интернационални сфаќања и да бидат жители на овој свет, а не само да се фокусираат на одредени работи. Саид ја прими нашата традиција, па сега и тој се радува на нашите слави и празници. На нашите веселби е многу радосен“, рекла Јелена, која неодамна ја посети Србија поради семејна слава.
Текстот Шеикот Саид ја прифати христијанската вера поради српската мисица Јелена е превземен од Reporter.mk.