Иконата во шоубизнисот, актерка и водителка Шер (72) во емисијата на Џејмс Корден откри дека нејзиниот колега Том Круз (58) бил на листата на топ пет нејзини љубовници.
Шер и Том се запознале во 1985 година, за време на венчавката на Мадона и Шон Пен, а потоа имале и кратка афера.
„Голем број луѓе кои имаат дислексија беа поканети во Белата куќа. И јас и Том имавме дислексија, а подоцна излеговме заедно. Во тој момент се создаде хемија меѓу нас двајцата“, изјавила Шер во едно интервју.
Пејачката рекла дека двајцата останале добри пријатели, но никогаш не можела да ја разбере неговата посветеност кон Сциентолошката црква.
Нешто подоцна во разговор со американската водителка Опра, Шер открила дека меѓу неа и Том се развила голема романса.
Шер се потсетила и на другите мажи кои ги имала во животот. Се потсетила на бакнежот што го имала со Вал Килмер.
„Мислев дека ќе ми експлодира главата“, изјавила Шер.
Потоа го спомнала и Ген Симонс, по кој лудува и денес. Изненадувачки, Шер откри дека љубовта на нејзиниот живот бил пекар, момче кое било 18 години помладо од неа.
Текстот Шер и Том Круз биле љубовници е превземен од Reporter.mk.