Светски познатиот актер Раде Шербеџија на 23 декември ќе одржи голем концерт во „Комбанк арена“ во Белград. Тој концертот ќе ѝ го посвети на својата голема пријателка и актерка, Милена Дравиќ, за која вели дека му била како сестра.
„Сакаа да зборувам на погребот на Милена, но јас ги одбив. Не само што ми беше тешко, туку кога некој најблизок заминува, тогаш не се зборува. Тие ми беа семејство, Милена и Гаги ги доживував како брат и сестра. Не можам да прифатам дека ја нема“, рекол Шербеџија во интервју за „Курир“ и открил зошто не држел говор на погребот на српската глумица.
Во интервјуто додал дека и понатаму не може да се помири со нејзината смрт и дека често се сеќава на времето поминато со Милена и со нејзиниот сопруг Драган Николиќ.
Текстот Шербеџија: Милена и Гаги ми беа како брат и сестра е превземен од Reporter.mk.