Актерот Раде Шербеџија не престана да плаче на погребот на неговата блиска пријателка, глумицата Милена Дравиќ. Тој бил меѓу најтажните на комеморацијата што се одржа во театарот „Звездара“ и плачел долго кога ја пуштиле песната „Милена“ од Арсен Дедиќ. Плачел и додека одел во поворката зад ковчегот, а едвај стоел на нозе.
„Кога помина покрај ковчегот, остави роза и не можеше да оди, па неговите блиски мораа да му помогнат да продолжи да оди. Не ги криеше солзите и блискоста со Милена“, пишуваат српските медиуми.
Милена Дравиќ почина на 14 октомви на 78 години. Таа вчера беше погребана во Алејата на заслужни граѓани, веднаш до својот сопруг, актерот Драган Николиќ.
Текстот Шербеџија не престана да плаче на погребот на Милена Дравиќ е превземен од Reporter.mk.