Српската пејачка Марија Шерифовиќ на социјалните мрежи ја сподели веста за дисквалификацијата на македонскиот претставник во „Гранд“ Адам Лабунски.
Пејачката која беше негова менторка напиша дека Адам е исфрлен од музичкото шоу поради непримерно однесување и дека на негово место ќе биде вратен друг кандидат.
Засега не е позната причината за ваквата дисквалификација, иако и претходно Адам се најде во непријатна ситуација, кога неговиот татко влезе во расправија со жирито.
Ова е прв пат еден кандидат да биде дисквалификуван од „Ѕвездите на Гранд“.
Текстот Шерифовиќ го исфрли Адам Лабунски од „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.