Светски познатата глумица Шерон Стоун откри дека е вљубена во Италијанецот Анџело Буфо. 60-годишната актерка, иако ја крие својата врска од јавноста, неодамна на „Твитер“ објави фотографија од летувањето во Шпанија. „Викенд во рајот“, напиша таа.
Анџело (41) е агент на недвижнини. Тој и Шерон се во врска од почетокот на годината, пишуваат амеиканските медиуми, иако досега ниеден од нив не ја потврди врската.
„Децата сега се големи и подготвена сум за нова врска“, изјави Стоун во едно скорешно интервју. Таа има три посвоени деца, Роан Џозеф (18), Лаирд Воне (13) и Квин Кели (12).
Текстот Шерон Стоун има 20 години помлад дечко е превземен од Reporter.mk.