Шлаканица за Хари и Меган од Вилијам и Кејт, кралската двојка претера со луксузирање

Односите во кралското семејство меѓу Хари и Меган со Вилијам и Кејт се заострени по лавината реакции на британската јавност дека една од брачните двојки троши премногу на луксуз, додека другата и тоа како знае да се однесува и да води грижа за парите на даночните обврзници.

Британските медиуми пренесуваат дека Хари и Меган им се лути на Вилијам и Кејт, затоа што покрај нив тие прават да изгледаат лошо.

Хари и Меган беа цел на големи критики поради летот со приватен авион, кој чини далеку поскапо за разлика од обичните авионски линии. Од друга страна, Вилијам и Кејт редовно ги користат обичните поевтини авионски линии, а тоа воопшто не му се допаѓа на помладиот брат Хари и неговата сопруга, пишуваат британските медиуми.

Хари и Меган одговорија на критиките дека летаат со приватни поскапи авионски летови поради безбедносни причини, додека Вилијам и Кејт се забележани на аеродромот во Шкотска за време на слетувањето на авион со редовна линија. Кралското семејство патувало од Лондон во Абердин, а еден билет  чинел само 70 фунти.

Тамошните медиуми пишуваат дека Вилијам и Кејт биле во посета на Шкотска кај кралицата Елизабета и принцот Филип, во резиденцијата Балморал каде што одмораат секое лето.

Патниците кои се нашле во истиот авион со Вилијам и Кејт и нивните дец, велат дека останале пријатно изненадени, а велат и дека на кралската двојка не ѝ пречело тоа што ги снимале и фотографирале со мобилните телефони. Како доказ фотографиите брзо се раширија по социјалните мрежи.
Ваквиот потег ја подели британската јавност, која смета дека Вилијам и Кејт ова го направиле само за да им напакостат на принцот Хари и Меган, кои остро беа критикувани дека се лускузираат со патувањето со приватни авиони. Јавноста смета дека на тој начин ги оштетуваат даночните обврзници.
Од истата причина Хари и Меган беа цел на критики и од еколошките заедници. Двајцата се бранеа дека тоа го прават поради безбедносни причини, но малкумина им веруваат, пишуваат медиумите.

„Многу се недоследни во изјавите дека поради безбедносни прични летаат со приватен авион. И мајката на Хари, принцезата Дајана, често ги користеше редовните авионски линии за време на своите патувања, а Вилијам и Кејт продолжија да го следат нејзиниот пример“, изјавил за „Дејли мејл“, експертот Роберт Џонсон.

Џонсон веќе подолго време ги следи случувањата во кралското семејство и вели дека потегот на војводата од Кембриџ, Вилијам, кој еден ден ќе седне на тронот, оставил длабок впечаток во јавноста.

„Вилијам му дава и одличен пример на својот син Џорџ, кој по него ќе го наследи на тронот“, вели Џонсон.

Џонсон објаснува дека пред да се појави Меган Маркл во животот на принцот Хари, тој заедно со неговиот постар брат Вилијам во повеќе наврати летал во економската класа на редовните авионски линии.

 

Текстот Шлаканица за Хари и Меган од Вилијам и Кејт, кралската двојка претера со луксузирање е превземен од Reporter.mk.