Поранешната спајс-девојка Мел Би ја објави автобиографијата, која според многумина содржи досега непознати детали од нејзиниот приватен живот. Книгата е насловена „Брутално искрена”, а во неа таа раскажува дека се обидела да се убие во 2014 година.
Тогаш животот ѝ бил далеку од гламур и сјај, па еден ден решила да испие 200 таблети. А тоа ѝ бил втор обид за самоубиство. За тоа го обвинува својот поранешен сопруг Стивен Белафонте, кој, како што таа вели, со години ја злоупотребувал.
Мел Би била и зависничка од кокаин, а во тој пекол завршила сакајќи да се оттргне од депресијата.
„Додека бев во жирито на ‘Америка има талент’ на секоја пауза излегував од студиото и шмркав кокаин“, пишува Мел, признавајќи дека дрогата е поопасна од депресијата.
По разводот, почнала да оди на пластични операции, па и на „подмладување на вагината“.
Во бракот со Белафонте таа сакала и секс во тројка, а тој да снима. Честопати во таа игра таа повикувала и славни личности, при што Рита Ора, на пример, ја одбила.
Брачната двојка се разведе во декември 2017 година.
Текстот „Шмркав кокаин, ја подмладив вагината, имав секс во тројка“, раскажа Мел Би во својата книга е превземен од Reporter.mk.