Шпанската манекенка Лорена Дуран е првиот плус сајз модел што потпиша договор со „Викторијас сикрет“. Таа ќе почне да рекламира долна облека на популарниот бренд само една година откако шефот на маркетингот на овој бренд, Ед Разек, изјави дека никогаш нема да ангажираат дебели манекенки за своите ревии оти „тоа ќе ја уништи фантазијата“.
Лорена е првиот ангел на „Викторијас сикрет“ кој не носи конфекциски број XS или S, туку L, односно XL.
„Среќна сум и горда со мојата нова работа. Ова е време на различности и благодарам на ‘Викторијас сикрет‘ што ги оствари моите сништа“, напиша 25-годишната Дуран на „Инстаграм“.
Дуран ја нарекуваат шпанска Ешли Греам и ја споредуваат со најпознатиот плус сајз модел на светот. Таа ја започнала својата кариера кога имала 17 години, но мислела дека веќе нема да работи како модел кога на 20 години поради хормонални проблеми нагло се здебелила. Таа досега соработувала со брендови како Asos, Zalanda, El Corte Inglesa, Intimissimi, а ја носела и колекцијата на Софија Вергара.
Текстот Шпанска манекенка е првиот плус сајз модел на „Викторијас сикрет“ е превземен од Reporter.mk.