Сопругата на раперот Гру, Даница, е потресена од неговата смрт. Таа не знаела што се случува сè додека не ѝ се јавила пријателка и не ја прашала: „Што лупаат дека Гру загинал?“ Тоа било шок за неа, се јавила кај другарите на раперот, кои ѝ ја потврдиле трагичната вест.
Децата, пак, на пејачот разбрале за неговата смрт од училишниот психолог, кој бирал начин да им соопшти. Гру иако бил искусен во кајт, сепак, не можел да се справи со невремето што го зафатило Дунав. Вчера неговите пријатели се простуваа од него на социјалните мрежи, а меѓу првите кои изразија сочувство беше поп-пејачката Тијана, која приватно многу се дружела со Гру.
За потсетување познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру загина вчера во несреќа додека бил на кајтинг во вода. Станува збор за комбиниран спорт од сурфање и параглајдеризам на вода.
Андонов настрадал додека сурфал на вода со Наутичкиот клуб „Земун“, пишуваат српските медиуми.
Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.
„Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе“, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен спортист.
Пријателите веднаш го извлекле од вода и повикале брза помош. Лекарите кога пристигнале констатирале смрт.
Оние кои го познавале Андонов велат дека музичарот бил многу искусен во кајтинг. Тој речиси цела летна сезона ја минал на Ада Бојана.
Гру го поминал целото лето спортувајќи во Дунав и бил доста искусен спортист.
Текстот „Што лупаат дека Гру загинал?“- сопругата дознала за смртта на раперот од пријателка е превземен од Reporter.mk.