Популарниот актер Арнолд Шварценегер заедно со неговата девојка Хедер Милиган се забавуваа на 186. издание на Октоберфест. Фестивалот беше отворен во саботата, а популарниот „Терминатор“ бил снимен додека наздравувал со пиво со неговата 28 години помлада партнерка.
По неколку пива, Шварценегер се качил на бината да им прави друштво на рок-групата. Актерот почнал да пее и танцува, а присутните велат дека им го украл шоуто на бендот.
Шварценегер е голем љубител на пивото и фестивалот во Германија. Никогаш ги нема заборавено своите австриски корења и секоја година е дел од германскиот пивски фестивал. Минатата година друштво му правеше неговиот син Патрик.
Текстот Шварценегер пееше и танцуваше на Октоберфест е превземен од Reporter.mk.