Влатко Илиевски изминатите неколку години беше заштитен знак на најголемиот фестивал Златно Славејче. Децата во публиката па и возрасните не криеја дека го сакаат водителот на детскиот музички фестивал, а и тој секогаш велеше дека ужива што успева да ги разввесели најмладите.
Својата кариера ја започнал во почетокот на 2000-те и се стекнал со голема популарност ширум македонската публика. Изведувал музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавувал Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.
Пред да ја почне својата соло кариера, тој бил дел од музичката група „Морал“.[2] Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломирал со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.