Австралиската пејачка и кантавторка, Сиа, преку „Твитер“ откри дека боледува од ретка невролошка болест. Таа има синдром Ехлер-Данлос (ЕДС), наследна колагенска болест која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерно истегнување на кожата и крутост на сите ткива. Болеста може да предизвика силна болка во зглобовите и екстремен умор.
Сиа (43), која е позната по тоа што не открива премногу детали за нејзиниот личен живот и најчесто го крие лицето под големи перики, ги изненади обожавателите со своето признание.
„Само сакам да им кажам на сите што страдаат од болка, без разлика дали е физичка или емотивна, ве сакам, не се откажувајте! Болката е деморализирачка, но вие не сте сами“, напиша таа на „Твитер“.
Според британската Национална здравствена организација, постојат три типа на ЕДС, па некои може да бидат благи, но некои може да доведат и до инвалидитет.
Инаку, Сиа освен по своите големи хитови е позната и по песните што ги има напишано песни за Ријана, Бијонсе, Кети Пери и Адел.
Текстот Сиа боледува од ретка невролошка болест е превземен од Reporter.mk.