Силвестер Сталоне: Нема поголема болка од таа кога родител ќе го изгуби детето

Светскиот глумец Силвестер Сталоне тешко ја примил смртта на својот најстар син Сејџ кој почина на 13 јули 2012 година. Сејч било првото дете на актерот и неговата тогашна сопруга Саша Чак. Сејџ починал на 36 годишна возраст во својот стан во Лос Анџелес, од срцев удар, како последица предизвикан од атеросклероза. Сталоне целиот скршен, побарал да биде оставен сам, пишуваа тогаш медиумите.

„Ниту една болка не е толку силна како онаа кога еден родител ќе го изгуби детето. Затоа ги молам сите да покажат почит кон сеќавањето и спомените на мојот талентиран син и да покажат сочувство и љубов до неговата мајка Саша. Овој болка ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум. Понизно ве молам да не ги пореметувате душите и спомените за мојот син“, изјавил Сталоне.

Глумецот се присетува дека имало периоди кога тој и Сејџ не биле во добри односи, особено по разводот со Саша. Но, потоа работите полека се смириле, а Сталоне и Сејџ почнале заедно да снимаат филмови и да даваат интервјуа.

Сталоне соработувал со синот во „Роки 5“. Сејџ планирал да се занимава и со продукција. И покрај здравствените проблеми, никој не можел да насети дека може да ни се случи вакво нешто, вели Сталоне. Актерот признал дека тешко ја поднел смртта на неговиот син. Едно време се повлекол од јавноста и пријателите за да се бори со болката.

„Ми беше многу тешко. Ова е ужасна ситуација, но таков е реалниот живот. Времето помага да се изборите и да се обидете да го преживеете тоа што се случило. Многу е важно да пронајдете сила кога паѓате надоле и да се обидувате да се вратите на нозе и да продолжите да живеете. Во спротивно, може да заглавите во затворен магичен круг“, изјавил Сталоне.

На доделувањето на „Златниот глобус“, Сталоне објаснил како губењето на Сејџ влијаело на неговата работа.

„Се чини дека во такви ситуации многу помага ако работите нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почест и ми се чини дека тоа го направив“, изјавил Сталоне.

 

 

 

Текстот Силвестер Сталоне: Нема поголема болка од таа кога родител ќе го изгуби детето е превземен од Reporter.mk.