Продуцентот Симон Ковел и реалната американска ѕвезда Ким Кардашијан донираа неколку милиони долари во борбата против коронавирусот. Британскиот продуцент во добротворни организации донираше околу два милиони евра, а неговиот пример го следеше и Кардашијан која донираше околу милион евра, пренесува „Мирор“.
Парите Симон ги донираше во добротворната организација Shooting Star Children’s Hospices, со која претходно соработувал.
„Бев скршен кога дознав дека една од погодените организации е Shooting Star Children’s Hospices. Таа е мала организација во Англија и мораше да ги затвори една од двете болнички установи и улични добротворни продавници. Затоа решив да помогнам“, вели Симон.
Тој донираше пари и во здруженијата Feeding Britain и Feeding America. Ким ја стави во продажба својата колекција на облека и заработката од тоа ја донираше на семејствата кои се заболени и се борат со коронавирусот.
„Неделава ќе ја обновиме колекцијава која неодамна ја лансиравме и со тоа ќе бидеме во можност да им помогнеме на оние кои се погодени од оваа пандемија“, напишала Ким.
Текстот Симон и Ким донираа милиони за помош на семејствата погодени од коронавирус е превземен од Reporter.mk.