Синиша Михајловиќ има леукемија: Плачев со денови кога дознав за болеста

Некогашниот фудбалер на „Црвена Ѕвезда“, Синиша Михајловиќ, денес на прес конференција откри дека има леукемија и дека веднаш ќе мора да почне да се лекува. Тренерот на „Болоња“ за болеста дознал неодамна, на рутински лекарски преглед.

„Имав треска, која не ме спречи да одам на тренинг. Потоа отидов на преглед, па на уште еден тест и резултатот покажа дека имам леукемија“, рекол Михајловиќ на прес конференцијата и додал дека мора да почне со „агресивен третман“, па затоа ќе ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Болоња.

„Кога ја слушнав веста, беше тоа тежок удар за мене. Седев со денови и плачев. Животот тогаш ви поминува пред очи. Тоа не беа солзи на страв. Ја почитувам болеста ќе се соочам со неа храбро, гледајќи ја во очи. Како што секогаш правам. Со нетрпение чекам да одам во болница и да ја почнам битката. Болеста е агресивна но може да се победи. Им го објаснив тоа и на моите фудбалери. Разговаравме преку линк имаше солзи“, рече на крајот од средбата со новинарите поранешниот репрезентативец на Југославија.

Синиша Михајловиќ работи како тренер од 2006 година. Тој сезонава ја предводеше екипата на „Болоња“ и успеа да ги спаси „црвено-сините“ од испаѓање, а на крајот завршија десетти во Серија „А“. Неодамна тој го продолжи договорот со клубот до 2022 година. Во тренерската кариера во Италија ги има предводено екипите и на „Катанија“, „Фиорентина“, „Сампдорија“, „Милан“ и „Торино“.

Синиша Михајловиќ е тешко болен, веднаш мора на лекување

Текстот Синиша Михајловиќ има леукемија: Плачев со денови кога дознав за болеста е превземен од Reporter.mk.