Тренерот на италијанскиот клуб Болоња ја победи леукемијата, вели неговиот поранешен соиграч од Интер, Хулио Рикардо Круз. Аргентинецот вели дека неодамна се слушнал со поранешниот фудбалер и дека тој му ги пренел убавите вести.
„Во време кога слушаме само лоши и тешки вести, се појави и една убава вест. Синиша Михајловиќ ја заврши својата борба со леукемијата. Синиша не е човек, тој е ѕвер. Се слушнав со него и благодарам на Бога што слушнав убави вести дека леукемијата останала зад него. Нашите семејства се многу блиски, па и сопругите често се слушаат. Сите сме пресреќни што Синиша успешно ја доби оваа битка“, изјавил Круз за италијанските медиуми.
Според најавите оваа вест се очекува наскоро официјално да ја објави и семејството на Михајловиќ. Круз и Михајловиќ две години играа заедно во дресот на Интер.
Аргентинецот и Србинот две години беа соиграчи во миланскиот клуб, а потоа нивната соработка продолжи кога Синиша од теренот премина во стручниот штаб на Роберто Манчини, кој во тоа време го водеше Интер.
Текстот Синиша Михајловиќ ја победи леукемијата е превземен од Reporter.mk.