Синот Барон вечна енигма во семејството на Доналд и Меланија Трамп

Барон Трамп синот на Доналд и Меланија Трамп, отсекогаш бил енигма во американското претседателско семејство. Јавноста за него знае многу малку и ретко имаат можност да го видат во јавност со неговите родители.

Првата дама на САД Меланија Трамп вели дека тоа е така, затоа што не сака Барон да го доживее сето тоа што таа морала да мине во нејзината младост.

Кога Меланија се породила на 36 години, првата дама на САД си ветила себе си дека нема да дозволи нејзиниот син да биде во центарот на внимание на светските медиуми и дека ќе се обиде да го заштити од секој можен напад.

Меланија вели дека нејзиниот син заслужува нормално детство и дека ќе направи сè за да го поштеди од светската слава. Сопругата на Трамп во едно свое интервју открила дека таа имала тешко детство и дека пораснала во сиромашно семејство во Словенија.

Првата американска дама отсекогаш сакала да биде позната, но на почетоците не била подготвена да се соочи со потешкотиите кои славата ги носи. Барон Трамп е единствениот син на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

Барон, за разлика од неговите родители, полубраќа и полусестри, не им е толку познат на јавноста. За неговото криење од очите на јавноста досега во јавноста излегоа голем број на шпекулации. Имало голем број теории и приказни, се додека Меланија не ја открила вистината во едно од своите неодамнешни интервјуа.

„Децата треба да бидат поштедени од сè. Јас ќе се обидам да го заштитам мојот син. Барон треба да има нормално детство колку што е можно повеќе“, изјавила Меланија.

 

 

Текстот Синот Барон вечна енигма во семејството на Доналд и Меланија Трамп е превземен од Reporter.mk.