Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, минатата недела враќајќи се од Копаоник излетал од патот заради снегот и лошите временски услови, пишуваат српските медиуми. Младиот пејач не бил повреден, а неговиот автомобил е малку оштетен. Стефан наводно возел полека, но се излизгал на мразот, изгубил контрола и излетал од патот.
„Стефан е добар возач и има добра кола, но тие денови Копаник беше покриен со снег. Луѓето и со џипови едвај успева да поминат. Тргнал да се враќа сам еден ден порано, а брат му Виктор остана уште една вечер со пријателите. Сите му велеа да тргне изутрината, ама тој не сакаше оти имаше закажано гостување во емисија за да ја промовира новата песна,“ раскажал пријател на Стефан за „Блиц“.
Стефан наскоро ќе тргне на турнеја во Австралија со неговата мајка.
Текстот Синот на Брена имал сообраќајна незгода е превземен од Reporter.mk.