Синот на Давид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам го заклучил својот профил на кој има 11,5 милиони пријатели и експресно ја избриша објавата поради која се најде на удар на јавноста.
Се почнало кога младиот наследник отпатувал во Италија, а според тврдењата на многумина, неговата објава била расистичка.
„Никаде не е као во Венеција, зар не?“, напишал 19 годишниот Бруклин, покрај фотографијата на која има туристи од Азија.
Додека некои се обиделе да му објаснат дека во Италија живеат многу Азијци, други му напоменале дека туристите во Италија доаѓаат од сите страни на светот. Му напоменале дека и самиот тој е турист во Италија.
„Бруклин е прилично неук ако мисли дека ова не е расизам. Би требало да им се извини на сите Азијци затоа што ова е навистина грозно“, пишуваат во коментарите големиот број фанови.
Наместо да се извини, Бруклин избра да ги избрише фотографиите и да го заклучи профилот, но не пред некој од 11 милиони пријатели да ја сними неговата објава претходно.
I don’t really understand 🤔 so how’s Italy really like? @brooklynbeckham @victoriabeckham#BrooklynBeckham #Italy #DavidBeckham #tourisme pic.twitter.com/WNTF3Drmup
— Kevin (@cyy_k) October 5, 2018
Apparently Brooklyn Beckham posted something racist and received backlash for it; instead of apologising, he just deleted the post and turned his account private. Y’know what that means pic.twitter.com/hZvqHAu3GZ
— harbrina trash x -68 (@LynchTheFreak) October 6, 2018
Текстот Синот на Дејвид Бекам е расист е превземен од Reporter.mk.