Виктор Живојиновиќ, најмалиот син на Лепа Брена, викендов отвори ексклузивен ресторан во Белград, „Дарданели“. На отворањето на ресторанот дојде целото семејство Живојиновиќ, Боба со Брена, Стефан и Филип со Александра Пријовиќ. Виктор ресторанот го отвори заедно со неколку свои пријатели. Тој за медиумите откри дека најголемата поддршка ја добил од братот Филип, кој и самиот има ресторан.
„Би им порачал на моите врсници да го прават тоа што го сакаат, да не се откажуваат од соништата. Јас ги споив работите што ги сакам – храната и вечерните излегувања. Не се плашам дека ќе се здебелам, сега имам дополнителна мотивација да ослабам“, рекол Виктор на отворањето.
Текстот Синот на Лепа Брена отвори ресторан е превземен од Reporter.mk.