Најстариот син на Оливер Драгојевиќ, Дино, по смртта на неговиот татко за „24 сата“ рекол дека татко му умрел мирно.
„Беше се полошо и полошо. На крајот само заспа. Не умираше во болки ниту во агонија, ниту пак се мачеше. Тешко е. Пробавме се! Професорот Врдољак кој го водеше лекувањето на мојот татко беше најдобар во Европа, но болеста беше посилна. Им благодариме на сите во болницата. Тие луѓе ја работат најтешката работа“, рекол тој.
Оливер последниот месец бил во болница, а семејството успеало тоа да го скрие од јавноста. Погребот на Драгојевиќ, по желба на музичарот, ќе биде во родната Вела Лука, а последното испраќање ќе биде во Сплит.
Текстот Синот на Оливер: На крајот тато само заспа е превземен од Reporter.mk.