Синот на Синан Сакиќ изнудувал пари од семејството на починатиот пејач

Рашид, синот на покојниот пејач Синан Сакиќ, бил пријавен во полиција поради уцените и заканите упатени кон Сабина, сопругата на неговиот покоен татко. Рашит, кој служел повеќегодишна затворска казна за убиство, по смртта на татка си постојано изнудувал пари од Сабина.

„Проблемите со него траат целиот живот. Рашит отсекогаш бил проблематичен и склон кон насилство. Синан поради него се нашол во многу непријатни ситуации. Поради тоа, често барал утеха во алкохолот. Многупати му говорев да се смири, но ништо од тоа не вредеше“, тврди извор близок до семејството.

Веќе по третиот ден од смртта на пејачот, Рашид провалил во нејзиниот дом, а потоа ѝ барал 10.000 евра.

Синан со цел да спречи неговите деца да го потрошат богатството и да останат на улица, пред неговата смрт целиот свој имот и наследство ѝ ги препишал на Сабина.

„Синан им се жалел на колегите од својот син. Вели дека не заслужил да му каже ниту – здраво. Не само што е неблагодарен туку е и насилен кон нив и постојано ги краде. Повеќепати го има повредено Синан на разни начини. Синан не го заслужи тоа“, вели колега на покојниот пејач.

Рашид во 2011 година е правосилно осуден на 12 години затвор затоа што го убил својот пријател Драгољуб Деспотовиќ. Тој се обидел да го убие и Радомир Лазиќ во 2002 година во Лозница. На средината на април оваа година ја отслужил 12-годишната казна и е пуштен на слобода. Во моментот живее во Лозница, каде што го бие глас на опасен човек кој малтретира и им се заканува на луѓето.

 

Текстот Синот на Синан Сакиќ изнудувал пари од семејството на починатиот пејач е превземен од Reporter.mk.