Синот на Вил Смит, Џејден Смит јавно изјави дека е хомосексуалец и дека подолго време негов дечко бил раперот Тајлер.
„Еднаш кажав, ќе кажам и пак. Тајлер е мој дечко ѝ отсекогаш бил мој дечко“, изјавил неодамна Џејден Смит, во една американска радио емисија.
На почетокот раперот Тајлер познат под сценското име „Креатор“, изјавил дека Смит само се шегувал, но по неговиот повторен настап, останал без коментар. Тајлер не се огласил во јавноста за да ги демантира или потврди изјавите на Џајден.
Тајлер во 2014 година изненади голем број фанови, кога во музичкиот албум призна дека го привлекуваат мажи.
Текстот Синот на Вил Смит призна дека раперот Тајлер му е дечко е превземен од Reporter.mk.