Во едно скорешно интервју фолк-ѕвездата Лепа Брена откри дека нејзиниот син Стефан и посинокот Филип додека студирале во Америка работеле во ресторани како келнери.
„Сакаа сами да заработуваат. Многу нивни пријатели немаа доволно средства за удобен живот во Америка, а Стефан и Филип им помагаа и работеа како келнери“, рекла Брена во интервјуто за „Глоси“ и додала дека ѝ се допаднала нивната одлука.
„Донесоа исправна одлука, така сфатија дека животот не е бајка. Мора да се работи. Сеедно дали се најбогати или најсиромашни. Богатите гледаат како да го задржат богатството и во што да го вложат капиталот, додека оние што не работат мислат дека сè ќе им падне од небо“, рекла таа.