Британската модна дизајнерка Викторија Бекам во последното интервју открила дека нејзините синови не ги интересира фудбал и дека не сакаат да бидат спортисти како нивниот татко. Сите три деца на Бекамови имаат договори со „Арсенал“, но ниту еден од нив не игра фудбал.
„Бруклин беше првиот кој рече дека не сака да игра повеќе. Набргу по него и Ромео ја донесе истата одлука. Се сеќавам дека седеше, беше потиштен и ми рече дека не сака да го разочара татко му. За сега само Круз е неодлучен што сака понатаму“, рекла Викторија во интервјуто.
Таа додала дека иако Дејвид бил разочаран, сепак не им се налутил на синовите.
„Тој сака тие да бидат среќни, без оглед на тоа што ќе решат да прават во животот“, раскажала поранешната „Спајс девојка“.
Текстот Синовите на Дејвид Бекам не ги интересира фудбал е превземен од Reporter.mk.