„Синтезис“ со концерт за роденденот на „Охридско Лето“

Групата „Синтезис“ вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи голем концерт со што ќе биде одбележан роденденот на фестивалот „Охридско лето“.

Најавувајќи го концертот кој првично беше закажан во Антички театар, но поради временски неприлики е префрлен во Центарот за култура, Сузана Вренцовска, истакна дека фестивалот секоја година за 4 август нуди содржина наменета за пошироката публика.

„ Вечерва таа чест да се надополни низата роденденски концерти и е дадена на култната македонска етногрупа „Синтезис“, за која сме уверени дека ќе понуди несекојдневно доживување„, рече Вренцовска.

 

Фестивалот „Охридско лето“ официјално почнал со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ.

Текстот  „Синтезис“ со концерт за роденденот на „Охридско Лето“ е превземен од Reporter.mk.