Сите модни комбинации на Бијонсе за време на турнејата

Светската музичка ѕвезда Бијонсе на почетокот на јуни, со својот сопруг раперот Џеј-Зи ја започна турнејата On the Run II. Музичката двојка првата турнеја ја имаше пред четири години и тогаш од продажбата на влезници заработија преку 100 милиони долари.

Оваа турнеја дури им беше поуспешна, па до крајот на август собраа 150 милиони долари.

Вкупно 1,4 милиони луѓе го видеа аутфитот на Бијонсе и нејзиниот настап, а на двојката тогаш и останаа уште 19 концерти до крајот на турнејата. Американските медиуми проценуваа дека вкупната заработка на Бијонсе ќе изнесува 250 милиони долари.

За магичната појава на сцената не е задолжена само Бијонсе и нејзиниот пејачки талент, туку и модните комбинации. Пејачката турнејата ја отвори од глава до пети облечена во „Гучи“.

Чизмите кои таа ги носела чинат 1790 долари, а со нив ги комбинирала и јакната од истиот бренд и кратки шорцеви. За својот концерт во Манчестер, Бијонсе облекла и фустан од брендот „Балмаин“ и високи чизми.

Доста нејзини комбинации биле направени по нарачка. На концертот во Санта Клари во Калифорнија Бијонсе блесна во креација на модната дизајнерка Вивиен Вествуд и Тери Муглер, со чија креација настапи во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

Last night we felt so much love from our LA family. 5 more shows to go. Let’s do it again!

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Лакван Смит по нарачка за пејачката дизајнирал боди и сако за еден од нејзините први настапи во рамки на турнејата. Цената на неговите достапни парчиња чинат околу 700 долари.

На еден од нејзините последни настапи, пејачката се поајви на безбол стадионот во Сан Диего, во леопард боди, кое го искомбинирала со чизми и украсила со шешир од истиот бренд.

 

 

View this post on Instagram

 

So happy to be in the Bay! 3 more shows to go!

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Во текот на целата турнеја Бијонсе мамела воздишки во разни боди и разголеми креации.

 

 

Текстот Сите модни комбинации на Бијонсе за време на турнејата е превземен од Reporter.mk.