Светскиот економски магазин „Форбс“, ја стави актерката Скарлет Јохансон на првото место според заработката од филмови. „Црната вдовица“ од филмот „Одмазници“, веќе втора година по ред е на врвот. Оваа година во периодот од јули 2018 година, до јуни 2019 година Јохансон заработила 56 милиони долари.
Јохансон ја засени ѕвездата од „Модерно семејство“, Софија Вергара, која е на второто место на листата на „Форбс“ на најплатени актерки во светот. Латино ѕвездата има заработено речиси 12 милиони долари помалце, односно околу 44 милиони долари. Вергара едно време беше на првото место на „Форбс“ на листата на најплатени актерки.
На третото место на оваа листа се наоѓа Рис Витерспун, русокосата актерка од Харвард, која во последно време е популарна и како продуцентка и актерка во серијата „Мали лаги“.
Витерспун има заработено околу 35 милиони долари. Освен најбогатите тројки, на оваа листа се наоѓа уште и Елизабет Мос, Маргот Роби, Никол Кидман, Џенифер Анистон и други.
Текстот Скарлет Јохансон втора година по ред е најплатена актерка е превземен од Reporter.mk.