Американската актерка Скарлет Јохансон (34) напорно тренира веќе година дена со желба да изгледа совршено за улогата на „Црната вдовица“ во филмовите на „Марвел“, „Одмазници“. Скарлет вели дека гладувала со часови и се придржувала со строг режим на исхрана и тренинзи кои за неа ги смислил нејзиниот фитнес тренер Ерик Џонсон.
Џонсон е сопственик на престижнен ланец на теретани, а со Скарлет се запознале во 2009 година, кога почнала да се подготвува за нејзината улога. Актерката има желба да изгледа совршено во костимот на суперјунак. Вели дека била подложна на брутален тренинг како оној кој го имаат американските маринци.
Секојдневно дигала тегови, скокала, трчала, вежбала јога, фрлала топки, истовремено хранејќи се со многу јагленохидрати. Прекинала да пуши, а спиела повеќе од што била навикната. Дури преку четири часа.
„Скарлет се подготвувала како еден наш спортист за големо натпреварување. Комбинираше неколку видови тренинзи, за да го достигне својот максимум. Не трениравме само за да го промениме нејзоното тело, туку и да го стимулираме нејзиниот ум. Морам да признаам дека тоа беше многу тешко“, изјавил Џонсон.
Нејзините оброци биле временски ограничени, што значи дека знаела да гладува и по 12 часа дневно, зависно од распоредот на снимањето. Некогаш гладувала и по 15 часа.
„Намерно ја изгладнував. Не смееше да јаде. Се подготвувавме за тоа темпо на снимање кое траеше речиси цел ден. Целта е да ги прими тие физички карактеристики на таков лик на суперхерој“, објаснил тренерот.
Скарлет морала да набие кондиција и сила. Единствениот дозволен сладок грев било парче чоколадо пред тренингот за да го подигне хормонот на среќа. Скарлет вели дека маката се исплатела, затоа што новото продолжение на „Одмазници“ се случи на 25 април. Првиот викенд на прикажување на филмот влезе во историјата.
За само неколку дена филмот оствари заработка од преку 800 милиони долари во Америка и светот. Актерката Јохансон на самиот почеток заработила околу 22 милиони долари.
Во моментов Скарлет го промовира филмот во светот, а слободното време го минува со ќерката Роси Дороти (5) која Скарлет ја има со поранешниот сопруг, францускиот новинар Ромаин Дауриац.
Скарлет во улогата на црната вдовица прв пат се појавила во 2010 година во филмот „Железниот човек“, кој беше и голема преокупација во нејзиниот живот, затоа што тогаш за прв пат почнала со интезивни тренинзи. Досега гордо ги истакнувала своите облици, а во своите интервјуа зборувала дека е горда на нив и одбивала да држи диета.
Не гледам што е секси во конфекцискиот број 34 или 32. Теретани гледав само на телевизија. Јас едноставно се чувствувам добро во својата кожа. Диетата кои ги пропагираат Викторија Бекам и Џенифер Анистон ги сметам за најголеми глупости. Не гледам што е секси во тоа, изјавила актерката во 2009 година.
Премиерата на новиот филм на „Одмазници“ се случи на 22 април во Лос Анџелес. За таа пригода, „Црната вдовица“ го сврте вниманието на сите присутни во фустанот со висок рез и пуштена коса.
На нејзиниот полугол грб се гледаше големата тетоважа, додека Скарлет на себе носеше едноставни златни сандали со високи потпетици. Скарлет важи за една од најплатените актерки во светот.
Текстот Скарлет Јохансон за улогата „Црната вдовица“ гладувала по 15 часа дневно е превземен од Reporter.mk.