Со звукот на сирените во 5:17 часот, Скопје утрово се потсети на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година. Група урбани уметници од Центарот за современи уметности ја реализираа аудиоакцијата „Разбуди се Скопје“ и точно во 5:17 минути на пет различни локации низ градот ги потсетија скопјани на точното време на трагичниот настан што се случи пред 55 години.
„Со ова урбаните уметници дадоа нивен оригинален придонес во оддавањето почит на жртвите од земјотресот и внесоа нова димензија во одбележувањето на оваа трагедија“, соопшти Град Скопје.
Според уметниците, пак, звукот на сирените во 5:17 часот на најдобар начин кај секој жител на Скопје ќе го вреже моментот на земјотресот и тажните сеќавања.
Текстот Скопјани утрово ги разбуди звукот на сирените е превземен од Reporter.mk.