Трката „Скопје трча 10 километри“ ќе се се одржи во недела на 7-ми октомври на бул. Илинден со почеток од 9 часот. Станува збор за хуманитарен настан, единствен од ваков тип кај нас, каде со
со купувањето километри се донира за СОС Детско село. Организаторите велат дека има голем интерес за трката која го надмина бројот на пријавени од лани.
Се уште трае пријавуавњето, и официјално се затвара на 30 септември во недела во 23.59 часот. Кампањата #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри онлајн ќе трае до денот на самата трка. Така, тие кои учествуваат, кои планираат да учествуваат и тие кои не се во можност да трчаат, сѐ уште може да бидат дел од оваа приказна.
Оваа трка се одржува по втор пат во Македонија и лани имаше околу 900 пријавени. Под мотото „Секој километар значи“ се вклучија и многу познати личности од земјава со цел да се зголеми свеста за хуманоста.
Текстот Скопје трча 10 километри за децата од СОС детско село е превземен од Reporter.mk.