Ситуацијата со корона вирусот кој го проголта целиот свет, ги открива човечките вредности во потполност.
Некои ги обвинува туристите за ширењето на вирусот, некој е спремен да убие за последниот пакет тоалетна хартија, а некој без колебање ги вложува сите сили да им помогне на оние на кои им е најпотребно.
На пример, многу познати брендови и познати луѓе донираа средства за борбата против пандемијата, како и за обезбедување средства на располагање за потребите на пациентите.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли
Еден од најубавите и најомилените холивудски парови, чие семејство неодамна стана побогато за уште еден член донираше милион долари за борбата против корона вирусот.
Всушност, Блејк и Рајан не е прв пат да подржуваат разни добротворни иницијативи.
Џастин Бибер
На средината на февруари, славниот пејач донираше 29.000 долари од личните средства на Пекинг Чунмио Черити фондацијата, која им помага на децата кои се погодени од појавата на корона вирусот.
Доменико Долче и Стефано Габана
Познатите италијански дизајнери и основачи на брендот Долче и Габана, се упатија кон алармот и веќе на почетокот на февруари му дадоа донација на Универзитетот Хуманитас, кој ги проучува реакциите на системот на новиот корона вирус.
Џорџо Армани
Славниот италијанскиот моден дизајнер и еден од најбогатите луѓе во Италија донираше 1,25 милиони евра како обид да ја запре епидемијата во својата земја.
ЛВМХ
Познатиот луксузен холдинг ЛВМХ одлучи на поинаков начин да помогне во борбата против пандемијата: одделението за парфимерија и козметика во холдингот започна на 16 март да произведува средства за дезинфекција поради недостатокот.
Дезинфекциските средства ќе им бидат дадени на француските здравствени власти и владините клиники.
Џек Ма, основач на компанијата Алибаба
Најбогатиот човек во Кина, епицентарот на епидемијата, издвои 14 милиони долари за борбата против корона вирусот за развој на вакцина и повеќе од 100 милиони долари во борбата против вирусот директно во Вухан (местото каде што сè започна).
Бил Гејтс, познатиот претприемач и поранешен акционер на Микрософт
Добротворната фондација на Бил Гејтс и неговата сопруга издвоиле 100 милиони долари за борбата против корона вирусот.
Кристијано Роналдо
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо не е познат само по својата мега успешна фудбалска кариера и бројните романси со познатите убавици – туку и поради тоа што е великодушен филантроп!
Кристијано одлучи своите хотели во Португалија да им ги отстапи на лекарите и да направи бесплатни клиники за пациентите со корона вирус (Роналдо исто така ќе го плаќа медицинскиот персонал). Многу медиуми се сомневаат дека тоа е возможно. Па, времето ќе покаже!
Текстот Славни личности кои донирале пари за борба против корона вирусот е превземен од Reporter.mk.