Веста за смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиџи беше примена со неверувања и растажи милиони низ целиот свет. По неколку часа од хеликоптерската несреќа во која загинаа кошаркарската легенда и неговата ќерка, многу славни личности јавно ја изразија нивната тага.
Шекил О’Нил
„Нема зборови со кои би ја изразил болката низ која минувам поради трагедијата во која ги изгубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Ве сакам и ќе недостигате. Мое сочувство за семејството Брајант и семејствата на другите патници.“
Барак Обама
„Коби беше легенда на теренот. Загубата на Џијана уште повеќе ни го крши срцето нас, како родители. Со Мишел испраќаме љубов и молитви до Ванеса и целото семејство Брајант на овој незамислив ден.“
Џиџи Хадид
Мајкл Џордан
„Во шок сум по трагичната вест за смртта на Коби и Џијана. Нема зборови кои можат да опишат како се чувствувам. Го сакав Коби, тој ми беше како брат. Често зборувавме, ќе ми недостигаат тие разговори. Тој беше бестрашен соперник, еден од најдобрите во играта и креативна сила. Коби, исто така, беше неверојатен татко, кој го сакаше многу своето семејство и многу се гордееше со љубовта на неговата ќерка за кошарката.“
Новак Ѓоковиќ
Џенифер Лопез
Џастин Бибер
„Не е можно. Секогаш ме охрабруваше, мамба. Ми ги даваше некои од најдобрите цитати за кои се смеевме до ден-денес. Те сакам!“
Тејлор Свифт
„Срцето ми се распарчи на илјадници парчиња кога ја чув веста за оваа незамислива трагедија. Не можам ни да си замислам низ што поминуваат семејствата. Коби ми значеше многу и на сите нас. Испраќам молитви, љубов и бескрајно сочувство до Ванеса и семејството и сите кои загубија некого во тој лет.“
Текстот Славните со трогателни пораки се збогуваат со Коби Брајант и неговата ќерка е превземен од Reporter.mk.