Уметничко дело од британскиот сликар Дејвид Хокни беше продадено во четвртокот на аукција во Њујорк за 90,3 милиони долари, што е рекорден износ за еден жив уметник.
„Портрет на уметникот (‘Базен со два лика’)“ со својата цена го надмина Џеф Кунс, чија скулптура Balloon Dog беше продадена во 2013 година за 58,4 милиони долари. Зад него е Герхард Рихтер, најскапиот европски уметник, чиј Abstraktes Bild се продаде во 2015 година за 46 милиони долари.
Наддавањето организирано од „Кристи“ почна со 18 милиони долари за таа слика, но границата од 50 милиони долари ја премина за само 30 секунди.
Уметникот нема да добие ништо од тој износ бидејќи делото го продал во 1972 година за 20.000 долари.
Со продажбата на сликата на Хокни завршуваат големите есенски аукции во Њујорк.
Текстот Сликата на Дејвид Хокни се продаде за 90,3 милиони долари, ова е најскапа продадена слика на жив уметник е превземен од Reporter.mk.