Откако српските медиуми изминативе денови пишуваа дека пејачката Снежана Ѓуришиќ тајно се омажила за гинекологот Вања Милошевиќ, таа демантира дека се венчале. Таа вчера изјавила дека веста за свадбата е лага. Додала и дека пријавила во полиција дека некој лажно се претставува како Вања на „Фејсбук“ и шири дезинформации за нејзиниот приватен живот.
„Не сум мажена. Сите приказни потекнуваат од тој лажен профил, Вања нема свој ‘Фејсбук’. Кој и да пишува во наше име ќе сноси последици, затоа што пријавив се во полиција. Засега немам планови за свадба, а кога ќе имам, јас ќе го кажам тоа лично на медиумите“, рекла пејачката која е дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
За потсетување, медиумите пишуваа дека по три години врска Вања и Снежана се венчале во матично на 26 јули, а дека на венчавката присуствувала и нејзината ќерка Марија, која дошла од Америка.
Текстот Снежана Ѓуришиќ: Лага е дека сум мажена! е превземен од Reporter.mk.