Режисерот на новиот филм за Џејмс Бонд, Кери Џоџи Фукунага, сними три различни краја за најновиот филм за тајниот агент 007. Крајот за филмот насловен No Time To Die за сега го знае само режисерот. Тој вели дека ги снимил трите краја за да не протечат информации и да го расипе изненадувањето за обожавателите на најпознатиот таен агент на светот. Дури ни главниот глумец Даниел Крег, не знае кој од тие снимени краеви е вистинскиот.
Според некои медиуми, еден од наводните краеви е оној во кој Џејмс Бонд дава отказ во тајната служба за да живее мирен и повлечен живот на Јамајка. Тие велат дека ова е можен крај за британската актерка Лашана Линч да може да ја добие улогата на агентот 007 во следниот филм.
Текстот Снимени три различни краја на новиот филм за Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.