Со чевли од свежо цвеќе, велешанката Јагода во борбата против рак на дојката

Модната креаторка Јагода Пачемска од Велес е една од ретките кај нас што изработуваат фустани, чевли и чанти од свежо цвеќе. Во пресрет на Розовиот марш, кога жените излегоа да ги поддржат „борките“ во борбата против ракот на дојката, Јагода изработи потпетици од свежо цевќе, како нејзина поддршка за жените болни од рак.

„За да ги изработам овие чевли употребив две  розови нијанси на мини хризантеми, венечни листови од розови ружи и розови орхидеи. Ги изработив за два часа, во моето студио“, раскажува креаторката Јагода Пачемска. Таа вели дека идејата за ова доаѓа од храброста на жените болни од рак кои се соочуваат со сите тешки моменти.

„Водена од нивната борба и храброста, преку штиклите сакам да ја искажам нивната храброст, одлучност, храбар чекор со кој чекорат за да добијат битката“, вели модната креаторка во разговорот за „Репортер“..

„Напред розово“ со штикли од цвеќе како поддршка за Борките

Јагода долги години својата кретивност ја изразува во своето арт-судио Fa-Bu, каде секојдневно од свежите цвеќиња изработува несекојдневни фустани, шапки и чевли.

Таа има добиено и признание дека е жена со најатрактивен бизнис.  Две години по ред беше дел од Модниот викенд во Скопје. Вели дека воопшто не е лесно да се изработи креација од свежо цвеќе, особено што финансиски не се исплати, оти свежото цевеќе не трае долго. Но, сепак, вели Јагода, ова е кретивност што ја исполнува.

Модната креаторја Јагода Пачемска со свите модни креции, шешири од свежо цвеќе

 

„За изработка на чантите и чевлите од цвеќе и свежи листови ми се потребни 6-7 часа. Во текот на изработката важно ми е сето тоа да биде многу добро изработено, да не се забележува ниту еден недостаток за да го добијам посакуваниот резултат“, раскажува Пачемска.

Но, она што особено воодушевува во нејзината изработка се фустаните изработени од свежо цвеќе, со кои се претстави на 11. пролетен Моден викенд – Скопје. Таа на модната ревија претстави фустани изработени од 1 000 рози, кои ги набавува од Холандија.

„Хризантеми, орхидеи, анториуми, евстома, се цветовите што најчесто ги користам. Економски ова не е исплатливо, ама духовно ме исполнува. Сепак, се работи за модели изработени од свежо цвеќе, кое се вметнува на основата на фустанот, а свежото цвеќе не може многу долго да издржи“, раскажува Јагода.

Александра Георгиев 

 

 

Текстот Со чевли од свежо цвеќе, велешанката Јагода во борбата против рак на дојката е превземен од Reporter.mk.