Со исечок од „Куќа од карти“ Кевин Спејси порача дека е невин за сексуалните напади

Актерот Кевин Спејси на својот Твитер објавил исечок од серијата „Куќа од карти“, со што сакал да ја покаже својата невиност ѝ да ги отфрли сите обвинувања за сексуално вознемирување кои се теретат на негова сметка.

Спејси во филмот го глуми ликот на Френк Андервуд, а во делот кој актерот го објавил на социјалните мрежи тој зборува за својата невиност.

„Сигурно нема да ја платам цената за нешто што не сум го направил. Нема да верувате во најлошото без докази? Нема да избрзате со осудата, пред фактите“, вели Спејси во исечокот од филмот, пренесува BBC.

Спејси овој пост го објавил во моментите кога е објавен и датумот на неговото појавување пред судот на 7 јануари. Спејси бил обвинет за инцидент во Масачусетс, кога наводно сексуално вознемирил тинејџер во бар.

Веста за овој инцидент се појавила во ноември 2017 година, а до тогаш Спејси молчел за овој инцидент кој наводно се случил во јули 2016 година. Освен овој случај, Спејси е обвинет ѝ за обид за сексуален напад во 1986 година, како и бројни други обиди од ваков карактер.

 

Текстот Со исечок од „Куќа од карти“ Кевин Спејси порача дека е невин за сексуалните напади е превземен од Reporter.mk.