Српскиот пејач Дарко Лазиќ денеска излезе од болница и отиде на рехабилитација во бања, пишуваат српските медиуми. Тие го фотографирале пејачот кога излегувал од болницата, а на прашањето како е, го кренал палецот и рекол „Оди на подобро“. Бидејќи пејачот не можел да оди, од болницата е изнесен во кревет, а потоа го однеле со амбулантно возило. Со него биле неговата мајка Бранка и еден пријател, кои, според „Блиц“, во болницата дошле уште рано утрото и чекале да го пуштат.
Пејачот на 23 октомври имаше тешка сообраќајна несреќа. Откако беше итно пренесен во болница и му беа направени неколку операции. Дарко закрепнува и неодамна објави дека ќе стане татко, а дека неговата девојка е во третиот месец од бременоста.
Текстот Со кренат палец Дарко Лазиќ излезе од болница е превземен од Reporter.mk.