„Со Туѓман се договоривме за играчите на Светско“, Тарик вечерва фудбалска легенда во МНТ

Тарик Филиповиќ, еден од најпопуларните актери во регионот, вечерва го наполни МНТ. Монодрамата „Ќиро“, приказна посветена на хрватската фудбалска легенда Ќиро Блажевиќ, со кого Хрватска во 1998 година беше трета во светот, вечерва оживеа и во Скопје.

Со гласот, гестикулацијата, белиот шал… но и со прекрасната актерска игра, Филиповиќ го „скина“ ликот на тренерот над сите тренери. Приказната за првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, кој дошол на тренинг да дознае, кој од играчите ќе бидат избрани да играат за Хрватска, е само мал дел од животот на славниот тренер за кој раскажа Тарик.

„Туѓман дојде да види кои играчи сум ги избрал за првенството во 1998 година. Ми вели, јас можеби сум Туџман, ама ти си тренер, па дај кажи кои ќе играат на Светско… се погоди да мислиме исто“, е само дел од она што го раскажа Тарик за фудбалската легенда Ќиро Блажевиќ.

Останаа уште две претстави, во Домот на културата во Струмица на 26, а во Штип во Домот на културата на 27 октомври.

А. Георгиев

 

ЕКСКЛУЗИВНО СО ТАРИК ФИЛИПОВИЌ: „Фала ти, сине, што ме направи бесмртен“

 

Текстот „Со Туѓман се договоривме за играчите на Светско“, Тарик вечерва фудбалска легенда во МНТ е превземен од Reporter.mk.