Покрај македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој настапува во „Ѕвездите на Гранд“, од наредната сезона, фановите ќе имаат можност да ја видат и неговата мајка Софче Џорлева во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Огнен не сакаше да открива премногу детали за учеството на неговата мајка, но откри дека е презадоволен од нејзиното претставување во шоуто.
„Таа беше мојата поддршка додека јас се натпреварував. Сега јас ќе ѝ бидам на неа поддршка“, изјавил Огнен.
Здравковски дополни дека со задоволство ќе ги гледа настапите на неговата мајка на 29 септември, кога ќе го има нејзиниот прв настап.
Досега во „Никогаш не е доцна“, победата ја однесоа неколку учесници од Македонија. Минатата година победи Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов, а претходно, славеше Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран. Пред три сезони победата ја однесе сопругот на Ленче, Горан Кукиќ.
Текстот Софче Џорлева по стапките на нејзиниот син Огнен, ќе пее во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.