Откако вчера музичарот Ник Џонас се венча со актерката и поранешна Мис на светот, Пријанка Чопра, неговиот брат Џо Џонас сака што поскоро да се ожени со својата свршеница, глумицата Софи Тарнер, пишува „Дејли мејл“. Свадбата, според весникот, треба да се случи следното лето во Франција. Британскиот весник се повикува на фотографија од „Инстаграм“, на која Марк Бајер, еден од гостите на свадбата на Ник и Пријанка, објавил слика од Софи и Џо и напишал „Франција 2019“. Брзо потоа тој ја избришал сликата.
Џо и Софи се во врска повеќе од две години, а се верија лани. Џо е познат како еден од музичарите во бендот „Џонас брадрс“, а Софи се прослави со улогата на Санса Старк во хит-серијата „Игра на тронови“.
Текстот Софи Тарнер и Џо Џонас ќе се венчаат во Франција е превземен од Reporter.mk.