Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Софи Тарнер, која го глуми ликот на Санса Старк, откри дека страдала од депресија и дека неколкупати размислувала да се самоубие. Вели, станала депресивна по коментарите дека не знае да глуми и дека е дебела. Од лошата ситуација ја извлекол нејзиниот вереник, пејачот Џо Џонас, кој постојано ѝ велел дека мора да почне да се сака себеси.
„Бев во депресија во изминатите шест години. Најголем предизвик ми беше да станам и да излезам од дома. Само плачев и плачев и плачев, а потоа се обидував да се облечам и си велев: ‘Не, не можам’ и се враќав во кревет“, рекла Софи во интервју.
„Беше чудно. Би рекла дека не бев депресивна тогаш, но кога бев помлада многу размислував за самоубиство. Мислам дека никогаш нема да се помирам со тие мисли и никогаш нема да ги победам“, додала таа.
Голема поддршка за да ја надмине депресијата ѝ била и Мејси Вилијамс, нејзината пријателка и колешка од серијата, која таму ја глуми нејзината сестра Арја Старк. Иако помала, таа постојано била покрај Софи и постојано се трудела да ја насмее и расположи.
„Денес се сакам повеќе отколку порано. Сметам дека никој не треба да се срами од депресијата“, додаде Тарнер.
Текстот Софи Тарнер сакала да се самоубие е превземен од Reporter.mk.