Актерката Софија Лорен (84) ќе се појави во новиот италијански филм кој го режира нејзиниот син Едоардо Понти. Филмот го носи името La vita davanti a sé, „Животот пред тебе“, а е работен според истоимената француска книга која ја напишал Ромен Гари.
Веќе пости една верзија на овој филм од 1978 година, Madame Rosa, но Понти вели дека новата верзија ќе биде целосно поинаква од оригиналната.
Лорен е сликана на филмскиот сет во Бари во Италија. Таа има долга, седа перика и сина тоалета и сако. Лорен во филмот ќе ја толкува улогата на жена која го преживеала холокаустот, а својот живот го посветила на чување деца на проститутки.
Ова е трет пат познатата актерка да игра во филм кој го режира нејзиниот син, кој низ медиумите го пофали еланот и енергијата на својата мајка.
„Таа има 84 години, а и понатаму сака да го даде својот максимум и да направи филм кој е до таа мерка длабок и предизвикувачки и емотивно и физички“, изјавил Понти.
Лорен последниот филм го снимила пред девет години и станува збор за телевизиското остварување My House Is Full of Mirrors, а година дена претходно се појавила и во филмот Nine. заедно со Пенелопе Круз и Никол Кидман.
Текстот Софија Лорен во деветата деценија повторно на филм е превземен од Reporter.mk.