Софија Вергара е една од оние жени кои изгледаат прекрасно и без шминка. Вергера за Health’s ги открила тајните за својата блескава кожа. Актерката признала дека ја менувала рутината за нега во текот на годините.
„Некогаш правев маски и пилинзи и постојано ги втривав во лицето. Бев луда по производите за нега, меѓутоа како што стареам, пробувам негата на лицето да ја сведам на минимум”, изјавила таа.
Софија истакнала дека има премногу чувствително лице и дека поради тоа мора да внимава што става на кожата.
„Доколку ставате премногу работи, тие ќе ја изиритираат вашата кожа. Поради тоа користам ретинол и витамин Ц, и тоа во многу мали количини. Двете состојки се совршени за кожата бидејќи ретинолот стимулира производство на колаген и ја забрзува обновата на клетките, а витаминот Ц ги намалува дисколорациите”, истакнала познатата актерка.
Таа наутро нанесува крема со заштитен фактор пред да се нашминка, а навечер задолжително ја отстранува шминката со природен морски сунѓер, а потоа лицето го чисти со благ сапун.
За негата на кожа е важна и правилната исхрана, па поради тоа на нејзиното мени најчести се зеленчукот, боровинките, зелениот чај и чајот од камилица со колаген во прав. И секако многу вода.
Зеленчукот изобилува со фитохемикалии кои ја обновуваат кожата, а боровинките се богати со антиоксиданси. Додека зелениот чај има заштитно влијание против УВ-оштетувањата, консумирањето вода во големи количини ја спречува дехидратацијата и ја намалува појавата од брчки.
Текстот Софија Вергара открива како до младешко лице е превземен од Reporter.mk.