Софија Вергара во тесни фармерки ги збуни папараците

Актерката Софија Вергара во четвртокот ја снимаше новата епизода од хит серијата „Модерно семејство“ во Лос Анџелес. За сцената на свечената парада, убавата Колумбијка имала пригоден стајлинг. Маица со американско знаме и фармерки во црвена боја кои делуваат како хулахопки.

Софија Вергара веќе папараците ја навикнале да ја гледаат во фармерки во кои 46 годишната актерка ги истакнува своите облини. Но, на снимањето на новото продолжение на серијата „Модерно семејство“, атрактивната латино девојка носела прилично необичен модел на тесни фармерки, кои изгледале како хулахопки. Се работи за моделот на „супер тесни фармерки“ во кои облиците на телото детално се оцртуваат, како што е случајот со носењето на хулахопки.

Црвените фармерки Софија Вергара ги комбинирала со кратка маица со американското знаме и сандали со проѕирен горен дел и вртоглавно висока потпетица исто така во црвена боја. Стајлингот на својот лик во серијата, актерката го украси со капа, исто така украсена со американско знаме.

 

Текстот Софија Вергара во тесни фармерки ги збуни папараците е превземен од Reporter.mk.