„Софт сел“, иконите на синтпоп звукот од 80-ите години, неодамна ја објавија првата песна по 15 години пауза. Насловена „Поларна светлина“, таа доаѓа додека дуото Марк Алмонд-Дејв Бол се подготвува за прошталниот концерт, што ќе се одржи во арената „О2“ во Лондон на 30 септември.
„Софт сел“ постигнаа голем успех во првата половина на 80-ите години кога издадоа четири албуми, но тоа се должеше најмногу на обработката на „Извалкана љубов“, хитот на Глорија Џонс од 1964 година. Тие имаа десет топ-10 хитови во Велика Британија, пред да се разделат во 1984 година поради проблеми со дроги. Се обединија за да снимат нов албум во 2002 година. „Поларна светлина“, заедно со уште една нова песна, ќе се најде на новата компилација на бендот, што ќе излезе на 28 септември.
Текстот „Софт сел“ снимија нова песна по 15 години во пресрет на прошталниот концерт е превземен од Reporter.mk.