Фолк-пејачката Соња Тарчуловска и сопругот Јохан, прославија 14 години во брак. Соња сподели слика на социјалните мрежи на која таа и Јохан се со трите деца, Мелани, Младен и Јоана, па се пофали дека им е годишница.
„14 години брак. Златни три дечиња. Среќата во животот се состои од посебните минути. А тоа сте ти љубов моја и нашите сонца,“ напиша пејачката на фотографијата.
Од пријателите добија многу честитки, желби за среќа, но и да останат заедно засекогаш.
Пејачката изминативе години постојано беше во центарот на вниманието на јавноста. Прво сопругот ѝ беше во затворот во Хаг, се пишуваше за нереќниот случај кога таа падна од тераса во населбата Кисела Вода, па беше објавено дека семејството на месечно примало по 5 000 евра додека тој беше во Хаг. Јохан е еден од обвинетите за упадот во собранието на 27 април пред две години.
Текстот Соња и Јохан славеа 14 години во брак е превземен од Reporter.mk.