Сопругата на познатиот актер Алек Болдвин, Хилари, која во моментов е бремена, откри пред своите фанови дека шансите за да преживее нивното шесто дете се минимални и дека многу е веројатно да потфрли во оваа бременост.
Веста Хилари ја сподели на социјалните мрежи, велејќи дека сака да биде искрена и отворена кон нејзините фанови и обожаватели.
„Би сакала да ја споделам со вас веста дека најверојатно ќе го изгубиме нашето бебе. Си ветив себе си дека доколку некогаш повторно забременам, веста ќе ја споделам јавно со вас уште во раната фаза, иако тоа би значело дека можеби ќе доживеам и јавен губиток. Отсекогаш бев отворена со вас во врска со работите околу семејството, фитнесот, бременоста. Ова не сакам да го кријам од вас. Мислам дека е важно да ја кажам вистината. Дел од мојата работа е да им помагам на луѓето да бидат искрени и отворени. Исто така не ми е срам од ова искуство. Би сакала да бидам дел од трудот да се отстрани стигмата за абортус. Имав толку тајност во текот на првото тримесечје. Тоа на некои жени им одговара, но јас лично го сметам за исцрпувачки. Имам вртоглавица, уморна сум, а моето тело се менува. Морам да се преправам дека сè е во ред, а всушност не е. Не сакам повеќе да се преправам. Се надевам дека ме разбирате. Ембрионот има отчукување на срцето, но тие не се многу силни и бебето не расте многу. Сега чекаме, а ова е премногу тешко за мене. Шансите се многу мали за да биде одржлива бременоста. Имам целосна доверба во моето семејство и ќе го пребродам ова, иако е многу тешко. Имам одличен доктор, а моите драги пријатели и семејството се со мене. Мојот сопруг и моите четири здрави деца ми помагаат и знаат колку животот е убав, дури и кога некои работи делуваат неубаво. Чувствувам голема среќа и благодарност што сум мајка на моите бебиња, тоа е чудесно и утешно. Ве молам во вашите коментари да бидете љубезни. Се чувствувам многу кревко и потребна ми е вашата поддршка. Се надевам дека со ова ќе ја подигнам свеста за оваа чувствителна тема“, напишала Хилари, сопругата на 61 годишниот актер Болдвин, на социјалните мрежи.
Текстот Сопругата на Алек Болдвин откри за неуспешната бременост е превземен од Reporter.mk.